Вторник го боиме во бело. Со оглед на топлото време, фустаните се нешто на што секогаш даваме предност. Удобни се, лесни за носење и со малку труд изгледате дотерано.

Денешниот предлог е бело фустанче без ракави, со елементи од тантела. Го комбинираме со сандали со ремчиња во пастелно зелена боја. 

Чантата е во иста нијанса со сандалите, а изгледот го заокружуваме со дискретни обетки и очила за сонце.

Ви посакуваме убав и весел ден!

Објавено:
12 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
307 пати