Вториот ден од работната недела го дочекавме со пониски температури и облачно време, но според прогнозата веќе од утре повторно ќе уживаме во сонце.

Денеска носиме едноставни црни панталони и ги комбинираме со бела маичка на куси ракави, но одозгора задолжително додадете ја омилената шик јакничка овојпат со цветни везени детали.

Повторно им се враќаме на чизмите со кои мислевме дека се збогувавме, а со нив и соодветна црна чанта и стилски ремен.

Уживајте во денот, иако е облачен.

Објавено:
23 април 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
746 пати