Вторникот го започнуваме со вообичаениот стајлинг на денот. Нашиот денешен предлог е црно-бела комбинација, која може да ви биде одличен избор за бројни комбинации.

Бела кошула-боди, која во преден дел е со елегантна шал-крагна, ја комбинираме со црно здолниште од тантела. Здолништето е со миди должина, а поставено е до над колена.

Стајлингот го заокружуваме со црни елегантни обувки и мала зелена чанта.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
21 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
418 пати