Вториот ден од работната недела го дочекавме со интензивен дожд и намалени температури, па тоа значи дека повторно им се враќаме на топлите алишта.

Денеска носиме лежерна комбинација составена од едноставни светли фармерки и ги комбинираме со црвена стилска ролка.

Целиот акцент денеска е ставен на ова карирано палто што изгледа неверојатно во секоја комбинација. На овие парчиња додадете и едноставни бели патики и чанта со ист принт како палтото.

Уживајте во дождот!

Фото: Pinterest

Објавено:
9 април 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
456 пати