Утрово се разбудивме со помалку облачно и сиво време, па денеска е вистинскиот момент да го разбиете сивилото со оваа колоритна комбинација. Денеска носиме тесни фармерки и црно – бело џемперче, а ги комбинираме со црвени гумени чизми за дожд и слатко капутче во иста нијанса. Стајлингот нагласете го со шик црвено – црна чанта, а веќе е вистинско време да почнете да ги заштитувате усните со неодоливо слатко лабело. 

Објавено:
24 ноември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.092 пати