И календарски, пролетта ни е сè поблиску, а и ние со изборот на облека како да сакаме да го убрзаме тој процес и што поскоро да уживаме во убавото време и веселите бои.

Инспирирани од тоа, нашиот денешен предлог е кошула фустан кој на ракавите има високи манжетни. Сепак, таа „строгост“ ја „отопува“ нежниот цветен принт во зелени и розови нијанси.

Фустанот го комбинираме со зелен мантил на врзување, а комбинацијата ја заокружуваме со пастелно розови чевли со ремче и чанта исто така со цветен принт, во слични нијанси со фустанот.

На крајот додадете го доброто расположение и имајте убав ден!

Објавено:
13 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
595 пати