Студеното време ни се врати, па ако досега не сте ја направиле замената на пролетно-летната облека со есенска, сега е вистинско време е да го направите тоа.

Во склад со временските услови, нашата денешна предлог-комбинација вклучува фармерки со висок струк, кои ги комбинираме со кошула и бел џемпер.

На тоа додаваме мантил во кафена нијанса, во која се и чизмичките го глужд. На сето тоа, додаваме и чанта во темнокафена нијанса.

И покрај тмурното и студено време, ви посакуваме убав ден и успешна работна недела.

 

Објавено:
24 октомври 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.095 пати