Вториот ден од работната недела го дочекавме со навистина високи температури, па поради тоа одберете комбинација во која ќе се чувствувате пријатно во текот на целиот ден.

Еднобојните комбинации се секогаш нашиот фаворит, па денеска носиме летни широки панталони во темно зелена боја и ги комбинираме со подеднакво шармантна блузичка без ракави.

Комбинацијата надополнете ја со сандали со ремчиња во црна нијанса на потпетица и чанта во иста нијанса украсена со интересна марама.

Уживајте во денот!

Објавено:
31 јули 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
469 пати