Иако вториот ден од работната недела требаше да го дочекаме со дожд, се чини дека сонцето се избори и повторно имаме прекрасно време. По тој повод, бидете елегантна дама и денеска одберете стилски широки панталони во црна нијанса и комбинирајте ги со оваа впечатлива бела кошулка со панделка во пределот на јаката. Денеска целото внимание е свртено кон ова фантастично палто со карнери во кое секоја девојка ќе се заљуби од прва. Во оваа преодна сезона сѐ уште имаме шанса да носиме чизми, па денеска одберете високи до над глуждовите со висока потпетица. Разиграјте ја комбинацијата со оваа чанта во темно црвено боја, а секако не заборавајте ги ниту сребрените обетки и задолжителните очила за сонце. 

Објавено:
7 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
850 пати