Со оглед на убавото време, за денеска ви подготвивме една лежерна и летна комбинација. Се одлучивме за фустан на риги. Во горниот дел е на преклоп и прерамки, додека здолништето е право.

Фустанот го комбинираме со кратка тексасна јакна украсена со везени апликации. Комбинацијата ја заокружуваме со чанта во риги и виолетови сандали на широка потпетица.

Вие додадете и очила за сонце, иако ги нема на фотографијата, тие се секако задолжителен моден додаток.

Имајте убав ден!

Објавено:
29 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
677 пати