Нашиот денешен предлог е една женствена и колоритна комбинација. Одбравме долг фустан на риги, со ремен на половина што се врзува и го истакнува овој дел од телото.

Го комбинираме со капут во интензивна виолетова нијанса што ќе донесе живост на стајлингот. Кога се модните додатоци во прашање, одбираме црни чизми до глужд, и колор-блок чанта во слични нијанси со парчињата.

На крајот додадете кармин и добро распложение и уживајте во денот!

Имајте убав вторник!

Објавено:
30 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
535 пати