Вториот ден од работната недела повторно го дочекавме со сонце, но со малку пониски температури, но тоа не значи дека не треба да се дотераме.

Носиме џинс со висок струк во светла нијанса и го комбинираме со прекрасна карирана кошулка со карнери во пределот на вратот и градите кои ја прават уште поубава.

Комбинацијата надополнете ја со кафени чизми на потпетица кои совршено се вклопуваат со останатите парчиња.

Бидејќи утрата се навистина студени, комбинацијата надополнете ја со некое шик кафено палто и уживајте во денот.

Фото: Pinterest/Lulus

Објавено:
6 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
529 пати