Добро утро. Овој тмурен вторник ќе се обидеме да го разубавиме со убави содржини и инспиративни комбинации.

Нашиот денешен предлог е деловна и топла комбинација. 

Карирани широки панталони се вистински хит сезонава, а во случајот се искомбинирани со црвена топла ролка. Вие можете да направите своја комбинација на дезен и бои.

Стајлингот збогатете го со долг капут исто така во кариран дезен, а комбинацијата заокружете ја со чизми до глужд (овде се чевли, но секако прилагодете се на времето).

Дискретен накит и чанта се модните додатоци со кои можете да ја заокружите комбинацијата.

Имајте убав ден!

 

Објавено:
3 декември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.294 пати