Вториот ден од работната недела го започнавме со сонце во главниот град, а се чини дека пред нас е уште еден супер топол ден.

Уживајте во денот и разубавете го со ова шик карирано фустанче на тенки прерамки комбинирано со црни сандали со полна пета.

Ова лето, како и секое друго впрочем, заљубени сме во модните додатоци, па така оваа комбинација ја украсуваме со сламена шапка и очила за сонце.

Одберете соодветна чанта за оваа комбинација, а со црното ранче кое е вистински хит ова лето, никако нема да погрешите.

Уживајте во прекрасниот сончев вторник!

Објавено:
5 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
372 пати