Сонцето ни го осветли овој вторник, па се надеваме дека нè читате во добро расположение. Нашиот денешен предлог за стајлинг на денот е кариран костум во кафени и беж нијанси, апсолутен тренд оваа сезона.

. Здолништето е мини, додека пак, палтото е долго, до должината на здолништето. 

Искомбинирано е со ролка во светла нијанса и чизмички до глужд со принт. Очила за сонце, дискретен накит и интересна транспарентна чанта во форма на пирамида се модните додатоци со кои е заокружен стајлингот.

Ви посакуваме убав ден!

 

фото извор: Instagram.com;

Објавено:
19 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.729 пати