Сончевите зраци го разубавеа овој вторник уште од самото утро. Токму затоа ние во нашата денешна прелог-комбинација одлучивме да внесеме парче во жолта боја.

Се работи за топол плетен џемпер, кој го комбинираме со трендовско карирано плетено здолниште. Ако сте зимурливи, под џемперот облечете кошула или ролка.

На крајот додаваме сив волнен капут, а кога се модните додатоци во прашање, се одлучивме за чизми до глужд на врзување и чанта во слични нијанси со џемперот.

Имајте прекрасен ден!

Објавено:
12 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
781 пати