Вторникот го боиме во земјени нијанси, презентирајќи една практична и женствена комбинација. Денешниот предлог е кошула-фустан. Во горниот дел има јака и панделка, половината е истакната со ремен со интересна тока, а здолништето е широко.

Чизмите се високи, црни, во комбинација на велур и кожа, што ги прави интересни и понежни. Чантата е исто така во земјено-црни нијанси, со бордо и сини дитали.

Изгледот го завршуваме со неутрален кармин и сенки во склад со употребената палета бои.

Имајте убав ден!

Објавено:
23 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
612 пати