За денес ви подготвивме една женствена и моќна предлог комбинација. Веќе знаете дека кожените здолништа ќе бидат еден од главните трендови есенва, па токму затоа ние одбравме едно такво во кафена нијанса.

Со крој што ја следи линијата на телото и патентите како украс, ова здолниште ќе ја направи вашата комбинација впечатлива. Го комбинираме со кошулка со ракави до лакт во нежна виолетова нијанса.

Салонките се исто така во виолетови и кафени тонови. На крајот додаваме и чанта во слична нијанса со здолништето и кармин.

Имајте убав ден

Објавено:
5 септември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
751 пати