И оваа недела времето ќе биде топло и сончево, па имаме уште малку можности да ги комбинираме омилените здолништа.

Денеска носиме едно такво изработено од прекрасен материјал во сива нијанса и го комбинираме со едноставна бела кошулка и кафено палто кое совршено се вклопува во целата комбинација.

Истата ја надополнуваме со црни чизми до глуждовите и црна чантичка во која ќе ви ги собере сите потребни работи.

Имајте убав ден!

Фото: Pinterest/Anna

Објавено:
9 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
520 пати