После продолжениот викенд, новата работна недела ја започнуваме со една женствена и пролетна комбинација. 

Нашиот денешен предлог е лелеав фустан со принт. Основата е беж, додека пак принтот и тенкиот ремен што ја истакнува половината се во тегет нијанса.

Го комбинираме со колор-блок чевли во истите нијанси, со широка потпетица и ремче, идеален модел за сите оние што многу се движат во текот на работниот ден.

На крајот додаваме беж чанта и очила за сонце.

Ви посакуваме убав работен ден!

Објавено:
10 април 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
505 пати