Вториот ден од работната недела го дочекавме со малку пониски температури од вообичаено и малку облачно време, но тоа не треба да не спречи да се дотераме и денеска.

Пониските температури денеска ни овозможија од плакарот да ги одбереме омилените фармерки, а истите можете да ги комбинирате со оваа маичка на тенки прерамки во „сенф“ нијанса.

Комбинацијата дополнете ја со овие црни сандали со ремчиња и нитни по површината и мини чантичка со интересен дезен.

И денеска модните додатоци се во фокусот, па иако е облачно, не заборавајте со вас да ги понесете омилените очила за сонце, а комбинацијата украсете ја и со ова ланче во златна нијанса.

Имајте убав ден!

Објавено:
17 јули 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
574 пати