Вторникот го боиме во пастелно сина. Денешната комбинација е нежна и женствена, а може да послужи како совршена инспирација доколку треба да одите на некоја летна свадба или забава.

Фустанот е изработен со крупна тантела, а поставен е со материјал во беж нијанса. На препрамки е, со благ V-израз и должина до колена, со што на дискретен начин се истакнува сексапилот и елеганцијата.

Го комбинираме со сребрени сандали и дискретни обетки. Плик чантата ни е во слични нијанси со фустанот и металик сјај.

Со металик сјај ни е и изборот на кармин, но вие секако можете да го прилагодите на вашиот сензибилитет.

Имајте убав ден!

Објавено:
4 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
288 пати