Без разлика што е зима, ние не се збогуваме со фустаните. Токму затоа оваа вторничка предлог-комбинација во фокусот го става плетениот миди фустан, со темнозелени и жолти риги.

Плетен фустан е многу често одличен моден избор, само треба да го прилагодите на пригодата за која планирате да го искористите.

Ние го вметнавме во секојдневна и урбана приказна, па го комбинираме со темнозелени чизми до глужд и чанта во истата нијанса.

Комбинацијата ја завршуваме со жолто капутче, кое ќе внесе дополнителна топлина и свежина во изгледот.

Карминот е секогаш задолжителен. 

Имајте убав ден!

Објавено:
5 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
513 пати