За овој вторник ви подготвивме една вистинска летна комбинација. Нашиот денешен предлог се плисирани панталони во жолта боја, која сезонава е посебно популарна. 

Лесни се, лелеави и вистински избор кога температурите надвор се преку 30-тиот степен.

Ги комбинираме со топ со цветен принт. Она што го прави ова парче интересно е што се врзува во панделка во предниот дел, како и прерамките кои почнуваат токму од средишниот дел кај панделката и продолжуваат на грбот.

На крајот, додаваме жолти балетанки на врзување, пастелно сина чанта и очила за сонце. Со оглед на убавото време, веруваме дека доброто расположение веќе е тука, па можеме само да ви посакаме да имате убав ден!

Објавено:
7 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
332 пати