Вторников го боиме во портокалови нијанси. Со оглед на тоа дека надвор е тмурно и студено, ние се одлучивме за топли бои.

За денеска одбравме портокалов фустан со долги ракви, а долниот дел благо се шири и е на преклоп, што го прави едноставен, но истовремено и интресен.

На тоа додаваме кариран капут во повеќе нијанси, како и тегет салонки и портокалова чанта со тегет детали.

Останува уште да си ставите кармин и да излезете во добро расположение.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
16 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
625 пати