Препознатливите есенски нијанси доминираат во нашиот денешен предлог. Со оглед на тоа дека сè уште не е премногу студено, ние одлучивме да направиме комбинација со здолниште од твид, во кафени нијанси.

Освен самата текстура на ткаенината, интересно го прават и патентите од страна. Здолништето го комбинираме со широка ролка во портокалово-кафена боја. На тоа додаваме кожена јакна во истата нијанса, која пак кај јаката е збогатена со кафено еко-крзно.

Чизмички до глужд, со врвки е нашиот избор на обувки, а комбинацијата ја заокружуваме со портокалово-кафена чанта со апликација на мачка и кафена нијанса кармин.

Имајте убав вторник!

Објавено:
14 ноември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
716 пати