Овој спортски вторник одберете аутфит што ќе биде спој на шик изглед и удобно и лежерно чувство.

Ви препорачуваме акцентот да го ставите на пријатен летен фустан изработен од лен, со широки ракави и принт во пруги што ќе му даде дополнителна впечатливост.

Осмелете се овој пат чевлите да бидат во контраст со фустанот и одберете впечатлива, интензивна боја. Во нашиов случај тоа се ниски кломпи со можност за врзување околу глуждот, во мастило сина боја.

Стајлингот го заокруживме со мини чанта со опција и за кратка и за долга рачка.

Објавено:
8 август 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
215 пати