Со оглед на тоа дека високите температури ни се враќаат, одлучивме денешната комбинација да биде во склад со времето.

Нашиот денешен предлог е фустан во риги во две комбинации - тегет и бордо. Без ракави е, со должина до под колена, што го прави идеален и за работното место. Половината е истакната со тенко ременче.

Ни го комбинираме со тегет сандали и чанта во боите на фустанот. На сето ова додаваме и соодветни очила за сонце.

Вие можете да си додадете некоја јакна или палто доколку така ќе се чувствувате подобро.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
18 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
355 пати