Денеска сме романтично расположени, а тоа лесно ќе го забележите и во нашата предлог комбинација.

Макси фустаните со цветен принт се тренд и оваа сезона, па нема да погрешите ако вашиот плакар го збогатите со уште некое вакво парче.

Ние одбравме романтичен фустан во нежно розова боја, со нагласен струк со колан.

Фустанот го комбиниравме со елегантни високи потпетици и мини чанта со кружна рачка.

Уживајте во сончевиот вторник...

Објавено:
3 април 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
462 пати