Вторник во романтична кошула и долго цветно здолниште

1 октомври 2019

Вториот ден од работната недела со малку пониски температури од вчерашните, но тоа не значи дека не можеме да се дотераме и максимално да ги искористиме последните сончеви денови.

Денеска носиме долго цветно здолниште во темна нијанса и го комбинираме со романтична бела кошула со впечатливи ракави и деколте.

Комбинацијата ја надополнивме со хит чизмите за оваа есен, со животински принт на мала потпетица и со врвки во предниот дел.

Чантата е во слична нијанса со боите на парчињата, а носиме и очила за сонце и накит во златна нијанса.

Уживајте во денот!

Објавено:
1 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
812 пати