Вториот ден од работната недела поминете го во прекрасна летна комбинација составена од шик лесни панталони со сладок цветен принт комбинирани со лежерна розова кошулка со панделка во пределот на јаката. Бидејќи панталоните се широки во долниот дел, на комбинацијата совршено ќе ѝ прилегаат овие високи потпетици и оваа слатка и неодолива чанта. Усните денеска се розови, а секако, веќе знаете дека насмевката е секогаш задолжителна!

Објавено:
19 април 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
544 пати