Сонцето ни се врати, а со тоа верувам и желбата за дотерување кај повеќето од вас. 

Нашиот денешен предлог е една деловна, но и женствена комбинација. Се одлучивме за сив асиметричен фустан. Интересен е поради јаката, која е спуштена надолу и делумно ги открива рамениците, како и широкиот ремен кој ја истакнува половината.

Доколку сакате да носите нешто вакво на работното место, тогаш со фустанот искомбинирајте и тесна кошула и сте го решиле проблемот со голите раменици.

На ова додаваме црни високи чизми, розов широк капут како и сива чанта со крзнен моден додаток.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
21 ноември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.217 пати