Вториот ден од работната недела конечно прекрасно сонце во градот и одлични температури како за овој период од годината.

По тој повод, денеска одбравме целосно бела комбинација составена од плисирано бело здолниште со кафени копчиња во предниот дел и романтична бела кошулка со панделка во пределот кај јаката.

Утрово комбинацијата можете да ја надополните со стилско бело палто, што подоцна во денот најверојатно нема да ви е потребно.

Комбинацијата заокружете ја со рамни кафени чевли и чанта во слична нијанса.

Уживајте во прекрасното сонце!

Објавено:
21 мај 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.367 пати