Вториот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце и повисоки температури, а тоа секако значи кул комбинација составена од шик парчиња. Денеска носиме здолниште во жолто златна боја и го комбинираме со кафена маичка на куси ракави. Утрово, комбинацијата надополнете ја со шик јакна во слична боја како блузичката и чантата, а чевлите се едни од омилените за сезонава во златна боја. Очилата за сонце во ретро стил се must have за оваа сезона, а кафениот кармин нешто без што не треба да излезете од дома.

Имајте супер сончев вторник! 

Објавено:
11 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
385 пати