Вториот ден од работната недела повторно со сонце и прекрасна атмосфера, па да го направиме уште поубав со колоритна комбинација.

Носиме стилски црвени панталони и ги комбинираме со нежно розово џемперче, а одозгора комбинацијата ја надополнивме со капутче во иста нијанса како џемперот.

Стајлингот го истакнавме и со црвени лакирани чевли, впечатлива чантичка и црвени очила за сонце.

Уживајте во сончевиот вторник!  

Објавено:
22 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
606 пати