Вториот ден од работната недела го започнавме со прекрасно сонце и супер температури, а се надеваме дека така и ќе остане.

Денеска одбравме едноставно розово фустанче до над колената, кое е совршен избор за овие топли денови.

Истото го комбинираме со удобни и рамни бели чевли со интересен дезен и чанта во сива нијанса која е одлично надополнување на целиот стајлинг.

Очилата за сонце денеска се единствениот моден додаток што ви е потребен и секако, не заборавајте ја насмевката!

Фото: Pinterest/Lulus

Објавено:
19 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
808 пати