Утрово се разбудивме со сончево, но доста студено време како резултат на ветрот за кој веќе имавме најава.

Денеска треба добро да се заштитиме од пониските температури, па затоа носиме комбинација составена од темни фармерки, памучна тенка блузичка на пруги, а одозгора стилско елече со точки.

Одозгора, дополнително комбинацијата збогатете ја со вашиот омилен стилски капут во крем нијанса од кој подоцна во текот на денот можете да се ослободите.

Носиме и куси црни чизмички и чанта во иста боја, а ако сакате нешто повеќе, и црвена марама за хит стајлинг.

Фото: Pinterest

Објавено:
26 март 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
708 пати