Овој вторник го боиме во сини нијанси. Нашата денешна предлог-комбинација е едноставна и дамска. Се одлучивме за пастелно син фустан со долги ракави. Карнерот од десната страна го збогатува, но сепак се задржува едноставноста и чистината.

Го комбинираме со темносин капут, кој е исто така во чисти линии, без копчиња, јаки, патенти... 

Комбинацијата ја заокружуваме со темносини чевли на висока и широка потпетица, а чантата е во споменатите нијанси, со интересна тока.

Имајте убав ден!

Објавено:
6 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
566 пати