Вторникот го боиме во една од најомилените комбинации на бои на многумина - розова и сива. Нашиот денешен предлог се широки, класични панталони со висок струк во пепито дезен. 

Ги комбинираме со розова блуза со долги ѕвонести ракави. Карнерите и панделките во пределот на лактите се деталите што ја прават неверојатно впечатлива. 

Комбинацијата ја надградуваме со платнена чанта, очила за сонце и балетанки во слична нијанса.

Имајте убав ден!

Објавено:
12 септември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
455 пати