Вторников го боиме во розово и темноцрвени односно бордо нијанси. За денеска направивме комбинација со сомотско тесно здолниште со везени цветчиња и розова блуза на долги ракави со вкрстени ремчиња кај грбот.

На тоа додаваме бордо чизми до глужд и чанта во слична нијанса. Комбинацијата ја заокружуваме со розов широк капут, со ревери.

Ако сте зимурливи на ова додадете капа и шал и секако не излегувајте од дома без кармин и добро расположение.

Имајте убав ден!

Објавено:
13 февруари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
417 пати