Вторникот ни започна снежно и студено, затоа не излегувајте од дома доколку не сте комплетно топло облечени.

Нашиот предлог за денес се црни панталони, што ги комбинираме со џемпер во пастелно розова нијанса. На тоа додаваме сребрена зимска јакна и чизми повторно во светлорозова.

Секако, на ова време не можеме да се замислиме без капа, шал и ракавици, а кој има проблем со белината, може на комбинацијата да додаде и очила за сонце.

Вака дотерани и стоплени, искористете го денот и снегот максимално!

Ви посакуваме убав и топол вторник.

Објавено:
10 јануари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
584 пати