Вториот ден од работната недела се разбудивме со инспирација од прекрасното сонце кое нѐ дочека надвор, па направивме супер комбинација. Денеска носиме широки boyfriend фармерки со кактуси како украси по површината и ги комбинираме со црвена свилена кошулка со цветни апликации. Што се однесува до модните додатоци, црвените балетанки и мини чантата денеска ни се единствено потребни, а комбинацијата можете да ја украсите и со овие обетки со реси и секако, задолжителните очила за сонце.

Уживајте во вторникот полн сонце! 

Објавено:
30 мај 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
415 пати