Вториот ден од работната недела го дочекавме со малку посвежо и врнежливо време како што впрочем и беше најавено, но тоа не значи дека денеска треба да одберете темни парчиња. Без двоумење облечете фармерки со висок струк во светла нијанса и комбинирајте ги со долга и стилска кошула во сини и бели пруги. Бидејќи за денеска е најавен дожд, заменете ги удобните рамни чевли со чизми на потпетица, а секако задолжително комбинацијата надополнете ја со тексас јакна со цветни апликации во задниот дел. Чантата е во боите на останатите парчиња од комбинацијата, а што се однесува до накитот, единствено потребни ви се овие шик сребрени обетки. 

Објавено:
4 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
667 пати