Со оглед на продолжениот викенд, денеска на повеќето ни е понеделник во вторник. Нашиот денешен предлог пак е винтиџ макси фустан-мантил. Бидејќи новата работна недела ја започнуваме со пониски температури и дожд, фустанот е со долги ракави, а јаката и манжетните се имитација од кошула. 

Во предниот дел има златни копчиња, а за истакнување на половината тука е широкиот ремен со златна тока.

Фустанот го комбинираме со чанта и салонки во слична нијанса. На крајот ставаме неутрален кармин, идеален за дневни комбинации.

Иако на фотографијава го нема, сепак земете си и чадор, за да немате непредвидливи ситуации со времето.

Ви посакуваме успешен старт на новата работна недела!

Објавено:
29 август 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
427 пати