Како што и беше најавено, утрово се разбудивме со ниски температури, а се чини дека брзо ќе се израдуваме и на снегот. По тој повод, денеска добро облечете се да се заштитите од студот каде и да одите. Носиме тесни фармерки и ги комбинираме со црни чизми над колената и овој супер тренди блузон во темно сина боја со црни ѕвезди по површината. Нека ви биде удобно и топло со ова дебело црно капутче и шалот во темно сина боја со кој ќе се заштитите од ветрот. Чантата е во ист стил како и чизмите, а од накит единствено ги носиме овие сребрени кружни обетки.

Уживајте во зимскиот ден!

Објавено:
29 ноември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
683 пати