Вториот ден од работната недела поминете го во шик издание составено од неколку прекрасни парчиња што навистина ќе ве стоплат. Утрово се разбудивме со малку повисоки температури, но со ветер, но тоа не треба да не спречи денеска да се дотераме. Носиме тексас здолниште и го комбинираме со слатко џемперче со крзнени детали по површината. Стоплете се убаво со ова нежно капутче со крзно во крем нијанса и овие чизми над глуждовите кои совршено ќе се спојат со останатите парчиња. Комбинацијата надополнете ја со стилска чанта во слична нијанса како чизмите и кружни обетки во златна боја.

Уживајте во денот!

Објавено:
13 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.472 пати