Вторник во впечатливо капутче и чизми во сина боја
•
22 јануари 2019
Вториот ден од работната недела го дочекавме со облачно време, но тоа не значи дека не треба да внесеме малку боја во денешниот стајлинг.
Носиме фармерки во темна нијанса и ги комбинираме со едноставна црна ролка, а денеска целото внимание е насочено кон чизмите над колена во прекрасна сина боја и капутчето во иста нијанса.
Чантата е елегантна и црна, додека накитот во златни и сини нијанси.
Имајте прекрасен ден!
Фото: pinterest