Вторник во жолто-бела комбинација
•
10 јули 2018
Денешниот ден го боиме во жолти нијанси, во склад со сонцето во кое уживаме утринава.
Доколку сте на летен одмор или наскоро ве очекува, веруваме дека комбинацијава ќе ве инспирира. Нашиот денешен предлог се жолти килоти-панталони кои на рабовите на ногавиците се украсени со бела тантела.
Ги комбинираме со бел топ со карнер во пределот на деколтето. Стајлингот го комплетираме со модни додатоци - сандали на платформа, плетена чанта со принт со лимони и очила за сонце.
Доброто расположение е задолжително!
Ви посакуваме убав ден.