За некои денеска е крај на работната недела, па затоа искористете го денот да се релаксирате. После напорниот ден, договорете кафе или забава со пријателите и колегите и завршете ја неделата како што треба.

Затоа, ние денеска одбравме една комбинација која може да биде одлична и за работното место (доколку немате унифициран дрес код), но и за она што следи потоа. Тегет здолништето со фалти го искомбиниравме со интересна блуза со принт, која нема кој не би ја забележал.

За обувки ние одбравме тегет високи чизми, но и чевли или чизми до глужд може да бидат добар избор, ако тоа изгледа добро на вашата градба.

Со оглед на тоа дека температурите се зголемуваат, ние ја завршуваме комбинацијата со бордо кожена јакна и крзнен шал, бидејќи сепак е зима. Но, доколку сепак ви студи и капутот е соодветен избор.

На крајот, ставете впечатлив кармин и викендот може да започне!

Објавено:
29 јануари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.262 пати