Крајот на работната недела го завршуваме со една секси и заводлива комбинација, одлична за петок навечер.

Со оглед на тоа дека доаѓа викенд, повеќето од вас веројатно планираат како ќе се забавуваат вчерва. Нашата предлог-комбинација се состои од кафено здолниште од велур. Шнирањето по средина го прави интересно и тренди.

Го комбинираме со бела блузичка од тантела со долги ракави. На средината и на неа има интересно, ситно шнирање, па истовремено е и романтична и секси.

На крајот додаваме сандали во слична нијанса со здолништето и чанта од истиот материјал.

Ви посакуваме супер петочна забава!

 

Објавено:
15 септември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
581 пати